Поразот на Вардар ја симна Македонија под Малта на ранг-листата на УЕФА

Македонија бележи пад за едно место на ранг-листата на УЕФА, каде што се рангираат лигите според резултати во евркуповите во последните пет години.

Синоќешниот пораз на Вардар од финскиот КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите значеше дека Македонија останува со еднаков број бодови, но Малта, која беше под нас, собра поени благодарение на победата на нивниот првак Флоријана над ирскиот Шемрок роверс, па на виртуелната табела се најде пред Македонија.

Во моментов Македонија е на 43-тото место во Европа во конкуренција на 55 земји. Борбата ќе биде да останеме над 50-тото место, што ќе значи четири тима во Европа во 2028/2029. Оваа сезона Македонија има само три претставника во еврокуповите, а следната сезона ќе имаме четири.

- Оглас -

Најнови вести