Портланд ја доби битката на четвртопласираните во НБА

Портланд ја доби НБА битката на четвртопласираните екипи во двете конференција, а ја декласираше Филаделфија со 130:115.

Јусуф Нуркиќ имаше една поинаква битка со големиот пријател Бобан Марјановиќ, под кошевите и беше поуспешен, па со учинок од 24 поени и 10 асистенции ги предводеше гостите до значајна победа.

Лилард уфрли 17 поени, а по 15 имаа Амину и Мек Калум доволно за значајни бодови за Портланд и задржување на четвртото место во Западната конфереција, кое гарантира предност на домашен терен во плејофот.

Кај Филаделфија, која исто така е четврта, но на Истокот од НБА Бен Симонс беше расположен за игра и најефикасен н а мечот со 29 поени, но неговиот тим загуби.

- Оглас -

Најнови вести