Портланд ќе „живне“ и ќе пружи отпор на шампионот

Портланд трејлблејзерс – Голден стејт вориорс (03 часот – Трет натпревар, финале Запад. Голден стејт води 2-0)

Портланд ќе има огромна поддршка од своите навивачи во обидот да ја намали негативата во серијата против шампионот Голден стејт. „Мода центарот“ е место на кое само една екипа има запишано триумф во овие разигрувања, тоа беше Денвер во претходната рунда за израмнување на 2-2.

Воините во регуларниот дел од сезоната два пати гостуваа во Портланд и остварија еден триумф и еден пораз, но вечерва ќе имаат потешкотии да го одржат перфектниот учинок во оваа финална серија. Лилард и Мекколум се незадржливи кога играат на домашен терен, ќе го почувствува тоа шампионот на своја кожа.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Демиен Лилард (Портланд трејлблејзерс – Голден стејт вориорс – 03 часот. Трет натпревар, финале Запад. Голден стејт води 2-0)

Лилард беше најразочаран по вториот пораз од Голден стејт, во кој Портланд беше многу блиску до „брејк“, но загубија здив во моменти кога се одлучуваше мечот. Токму затоа првата ѕвезда на Портланд ноќеска цели на реванш, а се очекува да биде ефикасен во повеќе сегменти.

Во досегашните 14 настапи на Лилард во разигрувањата бележи просек од 27,4 поени, 6,3 асистенции и 4,7 скока по натпревар, ќе треба да го надмине просекот за го одржи Портланд во игра.

Предлог тип: Д. Лилард >37.5 тотал поени+асистенции+скокови (1.87)

 

Минесота јунајтед- Колумбус кру (02 часот, МЛС лига)

Минесота ниту еднаш не се израдувала во трите претходни дуели против Колумбус, па време е таа негативна серија да заврши токму ноќеска. Колумбус е во катастрофална форма, бележи четири порази и само еден триумф во последните пет меча, сето тоа оди во полза на домаќините.

Воедно, со евентуален триумф Минесота ќе може да ја преземе петтата позиција од Далас на табелата од Западната конференција.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.22)

 

Хјустон дајнамо – Ди-Си јунајтед (02:30 часот, МЛС лига)

Ди-Си цели пет години чека победа против Хјустон, последниот го остварија токму како гости во Тексас. Реми е најчест исход кога играат овие две екипи меѓусебе, но лидерот од Истокот планира да ја одржи добрата форма. Иако не се меѓу најефикасните екипи во МЛС лигата, нема да биде изненадување ако мрежите на двете екипи се тресат во неколку наврати ноќеска.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.50)

- Оглас -

Најнови вести