Португалија без Пепе во финалето на Лигата на нациите

Одбраната на репрезентацијата на Португалија во финалниот меч од Лигата на нациите против Холандија или Англија ќе биде ослабена со неиграњето на ветеранот Пепе.

Некогашниот играч на Реал Мадрид и Бешикташ, а сега на Порто, при еден незгоден доскок, го повреди десното рамо на синоќешниот полуфинален дуел против Швајцарците. Селекторот Фернандо Сантош ќе мора да бара други решенија во последниот дефанзивен ред за неделниот натпревар, а веројатно негов фаворит за да го заземе местото на Пепе во почетниот тим е Жозе Фонте.

По деталните лекарски прегледи, ќе се знае и точната тежина на повредата, но каков и да биде исходот, едно е сигурно – Пепе нема да игра во финалето в недела вечерта.

- Оглас -

Најнови вести