Фудбалската репрезентација на Португалија е елиминирана во осминафиналето на Светското првенство откако со 0:1 загуби од Шпанија. Во 90+1 минута Мерино погоди за Шпанија и тој момент се покажа како клучен за крај на Португалците на овој турнир.
Интересно е дека мечот меѓу Португалија и Шпанија заврши точно во 23 часот, а само една минута подоцна, на официјалната страница на Португалската федерација беше објавено дека селекторот Роберто Мартинес си заминува.
Пред почетокот на Мундијалот, Мартинес одби да ја продолжи соработката, а неговиот актуелен договор истекуваше до планетарниот собир, што значи дека елиминацијата на Португалија значеше и крај на неговата селекторска работа.
: Roberto Martinez is no longer the Portugal coach.
Now that they are out of the World Cup, he will move on. pic.twitter.com/ZSeWD4mKqp
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 6, 2026

