Португалија нема да победи во Германија

6797 Унгарија – Франција (15.00 часот)

Унгарија не заслужи да загуби во првото коло со 0-3, а денеска бодрена од своите фанови ќе се обиде да ја изненади Франција, но тоа ќе биде многу тешко. Франција има три бода, славеше во Германија, и овојпат е фаворит за победа со која би се бореле за прво место во групата. Коман нема да игра, но селекторот Дешан на располагање има голем број квалитетни играчи. Мотивот ќе биде на страна на Унгарците, но Галските петли се пресилни. Мбапе, Бензема и Гризман не дадоа гол во првото коло, ќе сакаат да погодат денеска.

Предлог тип: 2 & 2-4 (1.92)

 

6798 Португалија – Германија (21.00 часот)

Ова е големото дерби на денот. Португалците се во добра позиција после убедливиот триумф на стартот, а Германците се под притисок дека мора да освојат макар еден бод. Португалија има посилен состав според имињата и формата на поединците, но Германија е домаќин, и нема да сака уште еден пораз кој дополнително би им ја влошил состојбата. Германците уште од 2000 година не знаат за пораз против Португалија, на СП во Бразил победија со убедливи 4-0 во последниот меѓусебен дуел.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.85)

 

6799 Шпанија – Полска (21.00 часот)

Шпанците доминираа против Шведска, но не постигнаа гол, утнаа неколку големи шанси, а во две ситуации имаа и среќа што не примија гол. Овојпат тешко дека ќе останат на нула, мора да почнат да погодуваат и да победат, бидејќи во групата веќе има две селекции со три или повеќе бодови. Полјаците киксираа против Словачка, останаа и без Криховијак кој беше исклучен. И традицијата е апсолутно на страна на Црвената фурија која ги добила сите дуели против Полјаците за кои и реми во Севилја би било голем успех.

Предлог тип: 2>1 (1.95)

 

3551 Даинава Алитус – Судува (18.00 часот)

Судува е во неочекувано голем пад, има три порази по ред, и тоа загуби од директните конкуренти за титулата, па остана без првото место во литванското првенство. Судува ја има најдобрата одбрана во лигата, нивните мечеви најчесто се неефикасни. Даинава е во долниот дел на табелата, тие се втор најнеефикасен тим во лигата. Интересно е што Судува победувала на сите досегашни гостувања во Алитус, додека во април, дома ја победи Даинава со 3-1.

Предлог тип: 2-2 (2.02)

 

2504 Сандефјорд – Викинг (15.00 часот)

Ова е дуел од норвешкото првенство на кое еден против друг играат тимови кои сезонава немаат ниту еден нерешен резултат. Сандефјорд е последен на табелата, но одигра само пет меча во кои освои три бода. Викинг во седум кола има 4 победи и три порази, и гол-разлика 14-14. Овие тимови често и даваат и примаат гол. Последен пат се сретнаа во декември, резултатот беше 2-2. Сандефјорд дома не победил уште од август.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.89)

- Оглас -

Најнови вести