Португалија, Шкотска, Италија и Русија се четири од шесте можни ривали на Македонија во баражот

Утревечер ќе се знае дефинитивно кои се шесте можни противници на македонската репрезентација во баражот за Светско првенство, а до вечерва дефинитивно се знаат четири можни ривали. Тоа се Португалија, Шкотска, Италија и Русија, кои ќе бидат меѓу шесте носители и можеби на 24 или 25 март 2022 ќе треба да гостуваме кај некој од овие тимови.

На хартија, дефинитивно најлошо би било ако ни се паднат Италијанците или Португалците, против кои шансите за победа би ни биле помали. Шкотска исто така е незгоден домаќин, но Шкотите и Русите (за нив нема да играат Головин и Смолов поради жолти картони) се многу подобра опција.

Шведска и Полска се тимовите кои се надеваат дека бараж ќе играат дома, но утре може да бидат симнати од Велс и Турција. Секако, и овие четири селекции се силни, но не се Италија или Португалија, кои се последните два европски прваци.

- Оглас -

Најнови вести