Португалија не успеа да се пласира меѓу најдобрите осум селекции во светот откако со 1:0 загуби од Шпанија. Единствениот погодок беше постигнат во судиското надополнување во второто полувреме, па Португалија немаше многу шанси да израмни.
По заминувањето на Мартинес, веднаш беше најдена неговата замена. Одлучено е искусниот Жорж Жесус да биде нов селектор на Португалија. Жесус има 71 година, но според „А Бола“, договорено е соработка на четири години. Последниот предизвик Жесус го имаше на клупата на Ал-Наср, каде што работеше во сезоната којашто заврши.
🚨💣 JORGE JESUS EST LE SUCCESSEUR DE ROBERTO MARTINEZ SUR LE BANC DU PORTUGAL 🇵🇹 !!!!
(@abolapt) pic.twitter.com/UHKH7h0yIA
— BeFootball (@_BeFootball) July 6, 2026
Сега се очекува само официјално Жесус да биде прогласен за нов селектор на Португалија.

