Португалците објаснија што извади Роналдо од гаќите! (Видео)

Директорот на прес-службата на португалската фудбалска репрезентација, Франсиско Абреу, даде одговор на прашањето што извади Кристијано Роналдо од своите гаќички за време на мечот со Гана, и потоа го стави во уста и почна да го џвака.

Многумина се згрозија кога ја видоа постапката на славниот фудбалер. Абреу кратко објасни што џвакаше Кристијано.

„Тоа беше гума за џвакање. Ништо друго, само парче мастика“ – напишал Абреу во СМС порака со која одговори на прашање на шведски медиум.

- Оглас -

Најнови вести