Португалците пријавија обиди за измама и продажба на билети што не постојат за мечот со Македонија

Фудбалската федерација на Португалија објави дека сите влезници за мечот со Македонија се продадени и „Драгао“ ќе биде со полн капацитет од 50 илјади гледачи, задутре од 20.45 часот.

Но, објавено е од португалските медиуми дека Федерацијата пријавила и обиди за продажба на билети на црно и обид за измама.

Дел од сопствениците на билетите се обиделе да ги продадат по многу повисоки цени, а има и случаи на комплетна измама и понуда за продажба на билети што не постојат.

Агенцијата за економска безбедност, ASAE, на Португалија која се грижи за заштита на потрошувачите примила пријава од Фудбалскаат Федерација на Португалија за обиди за измама со влезниците и за продажба на црно, па најавена е и истрага.

За макединските навивачи имаше контингент од околу 2.500 влезници по цена од 820 денари.

Мечот ќе се игра задутре од 20.45 часот и победникот ќе игра на Светското првенство во Катар во ноември и декември оваа година.

- Оглас -

Најнови вести