Португалските медиуми од рано утринава се полни со информации за враќањето на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид. Како што тврдат тие, договорот помеѓу двете страни бил постигнат доцна синоќа, а информациите стигнале и до медиумите откако за тоа бил информиран и Руи Кошта, претседателот на Бенфика, кој со сите сили се обидел да го убеди да остане во Лисабон.
Неофицијално, сите детали помеѓу Мурињо и Реал Мадрид веќе се договорени, а неговата официјална презентација се очекува да се одржи во текот на следната недела.
За Португалецот ова ќе биде враќање на „Сантијаго Бернабеу“ по 13 години, откако веќе еднаш ги предводеше Кралевите во периодот од 2010 до 2013 година. Специјалниот со Реал Мадрид освои по еден трофеј во Ла Лига, Купот и Супер купот на Шпанија.

