После елиминацијата од Вилјареал, тренерот на Баерн добил над 450 смртни закани

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, е најсилно критикувана личност после елиминацијата од Вилјареал во Лигата на шампионите, а многу фанови на Баерн се толку лути, што му испраќале закани дека ќе го убијат.

„Свесен сум дека треба да примам критики, тоа е нормално, дел од тренерската работа. Ме критикуваат сите за елиминацијата, јас ги прифаќам тие критики, но не можам да ги сфатам оние 450 смртни закани кои ми беа испратени на Инстаграм. После секој меч добивам смртни закани, дури и после мечеви на кои сме победиле, се закануваат и со убиство на мајка ми која нема врска со фудбалот. Ќе го прочитам првиот ред и веднаш ги бришам тие пораки“ – изјави Нагелсман кој објаснува дека повеќе закани добива кога Баерн игра со тројца централни дефанзивци.

- Оглас -

Најнови вести