По Јувентус, Роналдо ќе игра за клуб од МЛС-лигата

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата, откако ќе заврши со играње во Јувентус, италијанската Серија А ќе ја замени со американската МЛС. Според американскиот новинар Дин Џонс, Роналдо размислува за заминување во Мајами или Лос Анџелес.

„Следен чекор на Роналдо ќе биде да освои титула во Америка со тим од Мајами или Лос Анџелес. Повеќепати сум слушнал дека тоа му е желба“, вели Џонс.

Кристијано има 35 години, во Старата дама е од 2018 година, а во последно време се засилуваат шпекулациите дека тој наскоро би можело да го напушти клубот и да побара нов предизвик пред да ја финишира богатата кариера во која освојуваше трофеи секаде каде што настапуваше.

- Оглас -

Најнови вести