После Надал, и Федерер беше кобен за француски тенисер

Роџер Федерер со 7-5, 6-2, 7-6 го победи Лука Пуј, и дојде до јубилејната 350-та победа на гренд-слемите, а легендатниот Швајцарец рекорден 17-ти пат ќе игра осминафинале на Вимблдон. В понеделник, противник на Федерер ќе биде Матео Беретини од Италија.

Федерер кој има 38 години и осум освоени титули на лондонската трева, направи чекор напред кон потенцијално полуфинале со Рафаел Надал, кој денеска истотака успеа во три сета да елиминира француски тенисер (Жо Вилфрид Цонга). Ако дојде до дуел со Надал, Федерер ќе има уште еден рекорд, 100 победи на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести