По синоќешниот двоен шок, малку утеха за Галатасарај

Галатасарај по лошо ќе го памети синоќешното гостување кај Ризеспор, и тоа не затоа што загуби со 0-2, туку затоа што двајца членови на истанбулскиот клуб се здобија со тешки повреди.

Најпрвин голманот Фернандо Муслера во судир со еден противнички играч, си ја скрши ногата на две места. Од клубот потврдија дека има фрактури на тибијата и фибулата и дека ќе му биде извршена операција, па на Уругваецот му претстои долга пауза и рехабилитација.

Потоа со многу непријатна повреда се здоби и Романецот Андоне, кој влезе во второто полувреме, но мораше да го напушти теренот. Турските медиуми објавија дека и тој има скршена нога, на снимките од дуелот се виде дека навистина Андоне се здоби со тешка повреда, но ако е за утеха, Галатасарај објави дека Андоне нема скршеница, туку „само“ тешко исчашување на десното колено.

- Оглас -

Најнови вести