По вакво промашување на Депај, Барселона може да биде среќна што не го купи (Видео)

Холандија синоќа загуби од Мексико со 0:1 во пријателски меч, кој ќе се памти по неверојатно промашување на голгетерот на Лалињата, Мемфис Депај. Се играше 88-мата минута, кога Депај буквално непречен од никого, само од 3-4 метри успеа да шутира високо и наместо да ја затресе мрежата на противникот, погоди во пречката.

Ова промашување беше и последна шанса за Холандија да се спаси од пораз, а на крајот Мексико стигна до седмата победа во низа.

Депај беше еден од најекспонираните фудбалери во летниот преоден рок и требаше да направи трансфер од Лион во Барселона, но сепак, на крајот работите се изјаловија и тој остана во францускиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести