Последна шанса да освоите еден од примамливите подароци со „Лето на тркала“

Супер интересната промотивната акција „Лето на тркала“ на Sport Life обложувалници го чека крајниот епилог. Денес е последен ден за нашите редовни типувачи да учествуваат и да дојдат до еден од примамливите подароци.

За да бидете дел од „Лето на тркала“, треба да одиграте најмалку шест меча на тикет од посебната акциска понуда која е јасно разделена од стандарната понуда во билтенот на Sport Life. За секој уплатен тикет има бонус од 5 отсто.

Точно две недели типувачот Живко М. од Козле е на врвот на табелата со коефициент 1089.31. Едиствено тој ја надмина границата од коефициент 1000 и има најмногу шанси да биде добитник на главната награда скутер Aprilia SR 50 R. Исто така, извесно време нема промени и на втората и третата позиција. По сите изгледи, типувачот Зоран Д. ќе си добие велосипед Specialized Sirrus Hybrid за второ место доколку никој не погоди поголема квота од неговата, а таа е 988.76. Електричниот тротинет Mi M365 најверојатно ќе му припадне на Стефан Т., кој е третопласиран со коефициент 885.61, додека типувачите Тошо и Сашо ќе добијат 200.000, односно 100.000 поени кои може да ги искористат за производи од SL маркетот.

Ова се најавените добитници на наградите во случај да нема промени на табелата во последниот ден.

- Оглас -

Најнови вести