Последна шанса за Ди Франческо: Победа над Милан или отказ

Еузебио ди Франческо ќе ја води Рома во дуелот против Милан во следното коло од Серија А. Срамниот пораз на „волчицата“ од 7-1 против Фиорентина во четврт-финалето од Купот на Италија речиси му ја одреди судбината на италијанскиот стратег, но сепак управата одлучи да му даде уште една шанса да се откупи.

Ди Франческо во неколку наврати сезонава беше под закана за отказ, но некако успеваше да се задржи на клупата, а сега доби последна шанса за такво нешто. Само победа над „росонерите“ ќе му гарантира дека и во следниот период ќе остане на „Олимпико“, во спротивно, Ди Франческо ќе може да ги пакува куферите.

Во случај на нов пораз, раководството на Рома има „план Б“, ќе посегнат по услугите на екс тренерот на Фиорентина, Пауло Соуза, како привремена опција до крајот на сезоната.

Дуелот Рома – Милан, кој ќе се игра на „Олимпико“ во рамките од 22-рото коло на Серија А, е закажан за во недела, со почеток од 20.30 часот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести