Манчестер јунајтед се соочува со опасност да не ја мине групата во Лигата на шампионите. По две кола има четири бода помалку од вториот Галатасарај, па затоа Црвените ѓаволи вечерва против Копенхаген на „Олд Трафорд“ не смеат ни да помислат на пораз или реми.
Вечерва во тимот од Манчестер ќе го нема Каземиро, кој доби црвен картон во претходното коло против Галатасарај, а ќе отсуствуваат уште неколку повредени, како и казнетиот Санчо.
Интересно е дека Јунајтед одамна, поточно една и пол година нема постигнато гол од слободен удар. Во април 2022 беше последниот нивен погодок од слободен удар, а стрелец беше Кристијано Роналдо, кој сега е играч на саудискиот Ал-Наср.
Ерик тен Хаг мора да најде играч кој ќе погодува од слободни удари, како опција плус во нападот, особено за вакви мечеви како вечерашниот, кога постои императив на освојување трите бода.
Ова е последниот гол на Јунајтед од слободен удар:

