Поспишил за првпат играше тај-брејк против Ѓоковиќ, повеќе не можеше

Канаѓанецот Васек Поспишил за првпат во шесттиот меѓусебен дуел со Новак Ѓоковиќ успеа да одигра тај-брејк, но повеќе од тоа не можеше против тенискиот велемајстор.

Српскиот ас ќе игра во полуфиналето на АТП турнирот во Тел Авив, Израел по победата од 7:6 (5) и 6:3.

Новак сега има шест победи без загубен сет на шест меча против 32-годишниот тенисер од Канада и во полуфиналето ќе игра со Роман Сафиулин од Русија.

До завршницата стаса малку потешко од очекувањата, а во првиот сет за малку ќе се случеше и чудо.

Поспишил губеше со 0:4 и 1:5 во тај-брејкот во првиот сет и успеа да стаса до 5:5, но не и да го добие сетот.

И во вториот сет Канаѓанецот не се предаваше и негативата од 0:3 во гемови ја стопи за 3:3, но пак Новак беше сигурен кога најмногу беше потребно и го доби и тој сет, со тоа и мечот со 7:6 (5) и 6:3.

Во второто полуфинале на турнирот ќе играат Чилиќ и Лестиен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести