4.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Поставен рекорд во Премиер лигата: Најмногу доделени жолти картони во еден ден

Вкупно седум мечеви се одиграа денеска во Премиер лигата, а ќе се памти неверојатнио пресвет на Тотенхем кој губеше до 90+8 минута, а на крајот победи. Пресврт имаше и на дуелот Астон вила – Кристал Палас, додека најголемо изненадување е поразот на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ од Брајтон. 

Во овие седум натпревари кои се одиграа имаше дури 44 жолти картони, што беше доволно да се постави рекорд за најмногу доделени јавни опомени во еден ден во Премиер лигата.

Досегашниот рекорд беше од 22 август 1998 година кога биле покажани 43 жолти картони, што значи дека рекордот е срушен благодарение на еден плус жолт картон. Со 44 жолти картони во седум меча, просекот е 6.28 јавни опомени по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести