Во стилот на Меси и Марадона: Тео претрча 80 метри со топка и даде спектакуларен гол (Видео)

Милан со 2:0 ја победи Аталанта на „Сан Сиро“, а погодокот за кој ќе се збори долго време го постигна Тео Ернандес, на 15 минути пред крајот. Ернандес освои една топка пред својот шеснаесетник и тргна во напад.

Играчот на Милан претрча преку 80 метри, влезе во шеснаесетникот на Аталанта и успеа прецизно да шутира, а топката заврши во мрежата.

Ова дефинитивно е еден од најубавите индивидуални погодоци, а мал е бројот на врвни играчи кои успеале само од својата половина да ја „повлечат“ топката и да постигнат гол. Во минатото погодоци слични погодоци имаат постигнато Лионел Меси и Диего Армандо Марадона.

https://twitter.com/i/status/1525896713982074881

- Оглас -

Најнови вести