Постојат реални закани мечот меѓу Хрватска и Португалија да не започне во предвидениот термин

Многумина со нетрпени го очекуваат дуелот меѓу Хрватска и Португалија, кој е прогласен за дерби на 16-финалната фаза на Светското првенство. Мечот е закажан за 1 часот по полноќ по македонско време, но можно е да не започне во предвидениот термин.

Тоа е така затоа што временската прогноза покажува дека во тој период се најавува невреме со дожд и грмотевици во Торонто, каде ќе се игра оваа пресметка. На Мундијалот во сила е протокол според кој натпреварот мора да биде прекинат ако во радиус од 8 милји (околу 13 километри) од стадионот се забележи молња.

По детекција на ударот се чека 30 минути одбројување, период во кој не смее да има нова молња, па мечот може да продолжи. На Мундијалот веќе имаше еден ваков случај. Тоа беше дуелот меѓу Франција и Ирак кој беше прекинат повеќе од два часа поради молњите кои удираа во близина на стадионот.

- Оглас -

Најнови вести