Потег на годината: Смолов на противникот му рече гледај, и даде гол од слободен удар (Видео)

Локомотив го доби градското дерби против Спартак Москва со 2-0, а вториот гол беше дело на Фјодор Смолов, кој пред да погоди од слободен удар, на противничкиот играч Квинси Промес му порача: Гледај!

Смолов тргна кон топката и даде гол од слободен удар, а после мечот објасни за пораката до Холанѓанецот Промес.

„Промес ми рече дека нема да дадам гол, а јас се насмеав и му реков гледај. Решив да шутнам во аголот каде што беше голманот, знам дека тој очекуваше да го префрлам живиот ѕид“ – рече Смолов кој е во одлична форма, но не сакаше да каже дали е заинтересиран да игра на Европското првенство. За репрезентацијата нема играно две години.

https://www.youtube.com/watch?v=p4oKJgDI5IQ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести