Потписот за Интер Мајами е потег на деценијата, Меси ќе заработува дури и од продадените ТВ-права

Лионел Меси вчера донесе одлука кариерата да ја продолжи во МЛС-лигата, и тоа во тимот чиј сопственик е Дејвид Бекам, Интер Мајами, а денеска почнаа да се појавуваат информации од договорот кој ќе му донесе вистинско богатство на Аргентинецот.

Медиумите во САД открија делови од договорот на Меси со Интер Мајами, но и со МЛС-лигата бидејќи Аргентинецот е најголемата ѕвезда што ќе игра во оваа лига од нејзиното формирање.

– Аргентинецот ќе добие процент од продажба на ТВ-правата за МЛС-лигата на сите уреди на „Епл“.
– Меси ќе добие процент од продажбата на негови дресови.
– По завршување на кариерата, Меси ќе има можност да купи акции од клубот и да стане дел од сопственичката структура на Интер Мајами.

 

- Оглас -

Најнови вести