Потврдено: Азар ќе дебитира во кралскиот дрес против Барди и Леванте

Летното „галактичко“ засилување на Реал Мадрид, Еден Азар, денес за првпат тренираше со соиграчите по повредата која ја заработи на 17 август. Тоа потврдува дека Белгиецот целосно закрепна и конечно ќе може да дебитира во кралскиот дрес.

Неговиот прв меч за Реал ќе биде на „Сантијаго Бернабеу“ против македонскиот репрезентативец Енис Барди и Леванте, дуел од четвртото коло во Ла Лига кој е закажан за 14 септември.

Азар инаку доби дозвола од белгиската репрезентација да отсуствува од тековните репрезентативни обврски со цел да работи на своето враќање на терените.

- Оглас -

Најнови вести