Повредата била толку опасна што можел да умре (Видео)

Хирвинг Лозано, напаѓачот на Наполи, пред неколку месеци доживеа повреда која според многу доктори, можела да заврши кобно за фудбалерот. Беше јули кога Мексико играше против Тринидад и Тобаго, а во една акција Лозано се најде пред противничкиот гол.

Еден од противничките играчи го турна Лозано, кој загуби рамнотежа и падна напред, и тоа директно во нозете на голманот, кој сакаше да интервенира. Чуварот на мрежата на Тринидад и Тобаго, Марвин Филипс, удри директно во главата на Лозано, кој остана беспомошно да лежи на тревата.

„Многу доктори ми рекоа дека сум можел да умрам. Бев многу уплашен. Ќе ги оставев жената и моите две деца сами. Тоа беше тежок удар кој ве тера да размислувате на многу работи. Дури кога ќе добиете деца, се прашувате што може да ви се случи. Тоа беше сериозна повреда. Да ме удреа малку погоре на левата или десната страна, можев да останам парализиран или без едно око. Имам лузна од повредата“, се присети Лозано.

Мексиканецот целосно закрепна по повредата и сезонава веќе одигра осум меча за Наполи во сите натпреварувања, а постигна еден гол, плус имаше две асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести