Познат распоредот на Македонија на СП 2023: Отвораме против силната Норвешка

Ракометната репрезентација на Македонија денес ги дозна противниците за Светското првенство 2023.

Во Краков, Полска, избраниците на Кирил Лазаров ќе ги одмерат против Норвешка, Холандија и Аргентина во рамките од групата Ф. Во меѓувреме познати се и термините за натпреварите.

Македонија отвора против силната Норвешка на 13 јуни во вечерниот термин од 20:30 часот. Два дена подоцна следува дуелот против Холандија, за на 17 јуни останува дуелот против јужноамериканската селекција во истиот термин.

13 јануари – 20:30 часот, Македонија – Норвешка
15 јануари – 20:30 часот, Македонија – Холандија
17 јануари – 20:30 часот, Македонија – Аргентина

 

- Оглас -

Најнови вести