Познат српски спортист, облече црковна облека

Православните верници годинава Велигден не можеа да го слават како другите години, поради рестриктивните мерки и забраната за групни собири не беше дозволена посета на црквите, па велигденската литургија се следеше на телевизија.

Во Србија, еден од најдобрите српски џудисти, Немања Мајдов, испрати честитка и објави фотографија на која се гледа како е облечен во црковна облека, и задача му била да чита богослужбени текстови од Светото писмо. Покрај него е брат му Стефан, кој е борач.

Мајдов во 2014 година беше јуниорски европски шампион, истиот успех го повтори и две години подоцна, а во 2017 година освои злато од Светско првенство и стана прв Србин со таков успех.

- Оглас -

Најнови вести