Позната компанија за видеоигри ќе биде нов главен спонзор на шпанската Ла Лига

Управата на шпанското првенство Ла Лига склучи повеќегодишен договор со „ЕА спортс“, компанијата за видеоигри, за главно спонзорство почнувајќи од сезоната 2023/24.

Според оваа соработка, Ла Лига на годишно ниво ќе инкасира до 30 милиони евра, што е значително повеќе од сегашната заработка од 17 милиони евра, од спонзорствата на банката „Сантандер“.

Целосниот ребренд ќе се случи по крајот на претстојната сезона, односно од идното лето, по што целото име на шампионатот ќе биде „Ла Лига ЕА спортс ФЦ“. Инаку оваа компанија е светски позната поради производство на повеќе спортски видеоигри, меѓу кои и мега-популарната „ФИФА“.

- Оглас -

Најнови вести