21.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Позната причината поради која се случила трагедијата во која загинаа Диого Жота и неговиот брат

Пукната гума од автомобилот најверојатно е причината за сообраќајната несреќа во која загина ѕвездата на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре, јавуваа Би-Би-Си.

Трагичната несреќа се случи нешто после полноќ на патот А-52 во провинцијата Замора во Шпанија, во близина на границата со Португалија.

Двајцта браќа биле во „Ламбурџини“ кога во обид да претекнат друго возило пред нив, ненадејно им пукнала гума. Автомобилот неконтролирано излетал од патот и веднаш се запалил, па едноставно немало никаква шанса да им се помогне на двајцата браќа Жота.

Клучно за идентификација на жртвите била сообраќајната табличка на автомобилот, а дополнително биле направени и ДНК тестови за потврдување на трагичната вест поврзана со фудбалерот на Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести