Познати се сите осминафинални дуели на СП, се очекуваат неколку спектакли (Фото)

Најдобрите 16 репрезентации останаа да бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а веќе се познати и сите осминафинални двојки. Според распоредот кој е познат, се очекува да има неколку спектакуларни дуели.

Сепак, мечевите од 16-финалето веќе покажаа дека нема „големи и мали“ селекции, дека нема фаворити и дека буквално секој секого може да изненади. Затоа секој следен меч на Мундијалот ќе биде посебен спектакл.

Осминафиналната рунда ќе започне веќе вечерва во Хјустон каде Канада ќе игра притив Мароко со почеток во 19 часот. Вечерва ќе се игра уште еден меч и тоа меѓу Парагвај и Франција во 23:00 часот во Филаделфија. Победниците од натпреварите во Хјустон и Филаделфија ќе се сретнат во четвртфиналето.

Бразил ќе игра против Норвешка в недела од 22:00 часот во Њујорк, а подобриот од овој меч во четвртфиналето ќе се сретне против подобриот од мечот меѓу Мексико и Англија кој ќе се игра во понеделник рано наутро во 2 часот во Мексико Сити.

Најпривлечниот дуел е тој меѓу Португалија и Шпанија, што е закажан за в понеделник од 21:00 часот во Далас. Истата вечер, но во 2 часот рано наутро во вторник, САД ќе игра против Белгија во Сиетл. Победниците од натпреварите во Далас и Сиетл ќе се сретнат во четвртфиналето.

Аргентина за протвиник го има Египет, а мечот ќе се игра во вторник (7 јули), од 18:00 часот во Атланта. Подобриот од овој дуел, во четвртфиналето ќе игра со подобриот од средбата меѓу Швајцарија и Колумбија, во вторник (7 јули) во 22:00 часот во Ванкувер.

Ова е целосниот костур за натпреварите до крајот на првенството.

- Оглас -

Најнови вести