ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Ајакс со тројца офанзивци ќе ја нападне Аталанта, Ливерпул има тим да победи во Данска

Ајакс мора да победи против Аталанта ако холандскиот гигант сака да се најде во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Аталанта е тим кој минатата сезона покажа дека не случајно е дел од елитата и стигна до четвртфиналето, а сега доволно е да не загуби на „Амстердам арената“ за да биде дел од Топ 16 фазата во ЛШ.

Некогашниот европски првак очигледно „ќе фрли сè на една карта“ и веднаш ќе започне офанзивно затоа што стартниот тим на Ајакс е во формација 4-3-3, односно со тројца фудбалери во нападот. Аталанта ќе започне со засилен среден ред, па ќе биде навистина интересно да се види кој тим ќе се радува на крајот.

Ливерпул гостува кај Митјиланд, а во стартниот тим ќе биде со Мохамед Салах, кој заедно со Жота и Ориги треба да бидат главна опасност за домашниот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести