21.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Познати термините за Ел Класико во новата сезона

Реал Мадрид и Барселона повторно ќе бидат главни кандидати во трката за титулата во шпанското првенство. Денеска беше направена ждрепка за календарот во новата сезона, а познато е кога ќе се играат Ел Класико дуелите.

Реал Мадрид на “Сантијаго Бернабеу” ќе биде домаќин на Барселона на 26 октомвро, додека каталонскиот гигант на “Камп ноу” ќе го угости најголемиот ривал на 10 мај 2026 година.

Според многу предвидувања, токму дербито на 10 мај може да биде и клучно околу одлуката за тоа кој ќе биде првак во шпанското првенство.

Инаку првото коло од новиот шампионат ќе се одржи на 16 и 17 август, а последното на 23 и 24 мај 2026 година.

На стартот од новата сезона ќе играат: Алавес – Леванте, Атлетик Б. – Севиља, Селта – Хетафе, Џирона – Рајо Ваљекано, Еспањол – Атлетико (М), Мајорка – Барселона, Елче – Бетис, Реал – Осасуна, Валенсија – Сосиедад и Виљареал – Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести