Познато е кои фудбалери налето ќе ги купи најбогатиот клуб на светот со кои ќе атакува на титулата во Премиер лигата

Њукасл се наоѓа пред пласман во Лигата на шампионите следната сезона и управата се подготвува за летниот преоден рок, во кој тимот ќе биде еден од најактивните на пазарот.

Парите не се проблем за Њукасл, кој минатото лето беше купен од страна на саудискиот државен инвестициски фонд кој е под директна надлежност на престолонаследникот Мохамед бин Салман, со што стана најбогат фудбалски клуб на светот, и веќе се познати имињата на фудбалери кои треба да пристигнат на „Сент Џејмс парк“.

Едно од првите засилувања за тимот на Еди Хау треба да биде членот на Ред Бул Лајпциг, Доминик Собослаи, кој треба да биде партнер на Бруно Гимараиш во средниот ред.

Доколку Собослаи одбие да се пресели на „Сент Џејмс парк“, Њукасл ќе тргне по играчот на Лестер, Џејмс Медисон, а на листата на желби е и Мејсон Маунт, кој повеќе би сакал да игра во Ливерпул.

Бразилецот Нејмар останува прва опција за засилување во нападот и англиските медиуми шпекулираат дека е воспоставен контакт со агентот на Бразилецот.

Новинарот Фабрицио Романо тврди дека засилување во одбраната за следната сезона ќе биде поранешниот играч на Барселона, Жан-Клер Тодибо, кој сега игра за Ница.
Њукасл со голема плата планира да го врати Рафиња во Премиер лигата, а Еди Хау инсистира едно од засилувањата да биде актуелниот капитен на Саутхемптон, Џејмс Ворд-Праус.

Хау и управата сметаат дека со засилувањата и актуелниот играчки кадар, Њукасл ќе биде доволно силен сериозно да се замеша во битката за титулата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести