Славен Билиќ ќе биде назначен за нов селектор на Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми. Коцкестите останаа без селектор откако Златко Далиќ реши да си замине од функцијата. Девет години Далиќ беше предводник на Хрватска, период во кој репрезентацијата ги оствари најдобрите резултати, но тој реши да си замине по елиминацијата во осминафиналето на СП 2026, кога загубија со 2:1 од Португалија.
Билиќ е некогашен репрезентативец на Хрватска, којпо завршувањерто на играчката кариера се посвети на тренерската работа. Започна во Хајдук Сплит, а потоа работеше во младинската репрезентација на Хрватска. Во 2006 година беше назначен за селектор на Хрватска каде остана шест години, до 2012 година, предводејќи ја селекцијата на две големи натпреварувања, вклучувајќи го пласманот во четвртфиналето на ЕП 2008.
Потоа Билиќ се врати на клупските предизвици и работеше во екипите на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест хем, Ал-Итихад, ВБА, Бејџин Гуан, Ватфорд и Ал-Фатех како негов последен тренерски предизвик во 2024 година.

