Познато е кој ќе го наследи Перо Блажевски на клупата на МЗТ уни банка

Едната кошаркарска легенда си заминува од клупата на МЗТ Уни банка, како што се вика вториот тим на Металците, а кормилото го презема друга легенда, истотака член на славната генерација која пред 25 години го победи Реал Мадрид.

После серијата порази, Перо Блажевски веќе не е тренер на младите Штркови, а за нов тренер е назначен Борис Нешовиќ кој досега му беше прв помошник на Блажевски.

За Нешовиќ ова е второ искуство како прв тренер во домашното првенство откако пред една деценија беше шеф на стручниот штаб на Торус. Дебито на Нешовиќ ќе биде викендов против Куманово.

- Оглас -

Најнови вести