Познато кога ќе почне новата сезона во Ла Лига

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, денес потврди кога ќе почне сезоната 2020/21 во најелитното шпанско првенство. Датумот 12 септември е веќе резервиран за старт на новата сезона, со оглед на тоа дека актуелната ќе продолжи во средината на јуни и ќе се игра до 20 јули.

Тебас вчера потврди дека прекинатата сезона во Ла Лига ќе продолжи на 11 јуни, со градското дерби меѓу Севилја и Реал Бетис, а истиот ден со натпреварување ќе почне и втората лига, каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за тимот на Рајо Валјекано.

За малку повеќе од две недели ќе продолжи шампионската битка меѓу Барселона и Реал Мадрид, во којашто Каталонците имаат предност од два бода против лутиот ривал во пресрет на 28-мото коло, односно првото коло кое ќе се игра по паузата предизвикана од пандемијата со корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести