Премиер лигата го одреди новиот термин за дербито на најтрофејните англиски клуба Манчестер јунајтед и Ливерпул.
Дербито кое требаше да се одигра изминатиов викенд, но се одложи поради протестите на домашните навивачи, сега ќе се игра на 13 мај, кога Црвените ѓаволи ќе го пречекаат актуелниот првак на „Олд Трафорд“, датум кој воопшто не му одговара на тимот на Оле Гунар Солскјер.
Јунајтед за седум дена ќе мора да одигра три првенствени натпревари на домашен терен. Прво на 11 мај доаѓа Лестер, па Ливерпул само два дена подоцна, а Фулам гостува на 18 мај.