Пред 35 години му донесе титула на Сараево, сега го избркаа на улица

Легендата на фудбалскиот клуб Сараево, Предраг Пашиќ доживеа голема непријатност и е исфрлен на улица, откако во судски спор го загуби станот во кој живееше во главниот град на Босна и Херцеговина.

Накогашниот капитен на тимот беше еден од најзаслужните за титулата на Сараево во сезоната 1984/85, а можеби и клучна беше неговата асистенција за израмнувачкиот гол на 2:2 што го постигна Јаковљевиќ во Скопје против Вардар.

Пашиќ во таа сезона беше прогласен за најдобар играч на првентвото во Југославија, но и тоа не му помогна да се спаси од исфрлање од станот, што му беше доделен од клубот.

„Се водеше постапка без да ме информираат и мене и моите адвокати. Не бев запознат дека е воопшто покрената процедура за да ми го одземат станот и укинато ми е правото да се бранам на суд. Не знам што ќе правам сега. Не заслужив вакво нешто“, изјави Пашиќ.

Некогашниот напаѓач на Сараево мина 10 години во клубот, а потоа играше во Германија за Штутгарт и за Минхен 1860, по што ја заврши кариерата. Денеска има 61 година.

 

- Оглас -

Најнови вести