Пред 44 години, дебелкиот мустаклија даде гол со кој ја смени историјата на фудбалот (Видео)

Поминаа точно 44 години откако светот за првпат виде изведување на пенал со поткупување на топката како финта за голманите кои обично тргнуваат на едната или другата страна. Изведувач на тој историски пенал беше Чехот Антонин Паненка, и тоа во последната серија пенали во финалето на Европското првенство во 1976 година помеѓу Чехословачка и Западна Германија.

Публиката (имаше околу 30.000 фанови) која на 20 јуни 1976 година се најде на трибините на стадионот на Црвена ѕвезда во Белград, беше во шок, исто како и милионите гледачи кои средбата ја следеа на телевизија.

Славниот „крал на фудбалот“, Пеле, за пеналот на Паненка, во една прилика рече: „Тој или е луд, или е генијалец“.

Паненка кој тогаш играше за клубот Бохемијанс, не беше свесен дека испишува историја и дека најпознатиот пенал на сите времиња ќе биде крстен по него. Во овие 44 години, многу фудбалери го копираа Антонин, но таквиот пенал секогаш ќе се вика Паненка по храбриот иноватор кој на својата репрезентација и донесе европско злато.

- Оглас -

Најнови вести