Точно пред 11 години светот го загуби најдобриот прогнозер во историјата на животинскиот свет

Светскто првенство во 2010 година по многу нешта беше посебно. Мундијалот за првпат се одржа на африканско тло, првпат Шпанија стана планетарен првак, а и првпат се случи да има животно кое прогнозираше како ќе завршат мечевите кои требаа да се играат.

Октоподот Пол беше прогнозерот кој на крајот заврши со перфектен биланс од осум погодени мечеви за тоа која репрезентација на крајот ќе се радува. Пол успеа да го погоди и финалето во кое Шпанија дури по дополнителни 30 минути игра ја победија Холандија. Андрес Иниеста беше стрелец на голот вреден светска титула.

Октоподот Пол првпат се појави на Европското првенство во 2008 година, кога погоди четири од шесте средби кои ги прогнозираше на кои играше Германија. Промаши дека Панцерите ќе загубат од Хрватска во групната фаза, како и тоа дека Германија во финалето ќе загуби од Шпанија со 0:1.

На Мундијалот во Јужна Африка, октоподот Пол беше перфектен. Во осумте меча кои ги прогнозираше, успеа да ги погоди сите осум. Ги прогнозираше сите мечеви на кои играше Германија. Ги погоди сите три победи на Панцерите во групната фаза, победата над Англија во осминафиналето, како и триумфот над Аргентина.

Во полуфиналето Германија загуби од Шпанија, а октоподот Пол и тоа го погоди.

Во борба за третото место, Германија го победи Уругвај, а во големото финале, Црвената фурија стигна до најголемата победа во својата историја и првата и засега единствена светска титула. Октоподот Пол почина на 26 октомври 2010 година, односно точно пред 11 години.

 

- Оглас -

Најнови вести