Пред точно 16 години Ѓоковиќ го освои првиот АТП турнир, а знаете ли каде беше тоа?

Датумот 23 јули има посебно значење за Новак Ѓоковиќ. На овој ден, пред точно 16 години, Ѓоковиќ стигна до првата АТП титула во кариерата. Од тој момент започна и уште трае блескавата кариера на Србинот.

Турнирот во Амерсфорт во Холандија беше историското место за Ѓоковиќ. Во финалето на АТП турнирот, Новак со 7:6 и 6:4 го победи Николас Масу и стигна до првата титула во кариерата.

Тогаш 19-годишниот Ѓоковиќ веднаш се стрча кон трибините и ја прегрна и бакна неговата девојка Јелена, кога сега му е сопруга.

Од освојувањето на тој турнир, Ѓоковиќ во кариерата досега освои 88 АТП титули, од кои 21 се на Гренд слем турнирите. Само Надал има повеќе АТП титули од Ноле, но Србинот е рекордер по бројот на поминати недели на АТП листата, по бројот на освоени Мастерс турнири, а има и позитивен скор против Шпанецот.

Последниот триумф на Ѓоковиќ беше на Вимблдон кога докажа дека и со 35 години е незапирлив.

- Оглас -

Најнови вести