Пред точно 45 години е постигнат пеналот кој го смени фудбалот (Видео)

Белград и Загреб беа домаќини на Европското првенство кое се одржа во 1976 година. Тој шампионат е еден од највозбудливите. Сите четири завршни меча имаа продолженија, а финалето беше решено по изведување на пенали.

Токму во тој пенал-рулет, Чехот Антонин Паненка направи нешто дотогаш невидено. Во финалето, тогашната Чехословачка играше против Германија. Ќехословачка водеше со 2:0, но Германците не се предадоа и најпрво намалија на 1:2, а со гол во 89 минута стигнаа до 2:2. На крајот мораше да се шутираат пенали за да се дознае европскиот првак.

Чехословаците беа прецизни во првите четири серии, а Германија промаши во четвртиот обид. Во последната решавачка серија дојде ред на Паненка да шутира. Фудбалерот кој ако погоди ќе донесе европска титула за својата земја. Паненка зема силен залет и делуваше како да ќе шутира со цела сила.

На голот на Германија беше легендарниот Сеп Маер, кој беше актуелен европски и светски првак со Германија, но Паненка не само што не се уплаши туку, изведе и пенал кој дотогаш не беше виден во светскиот фудбал. Само полека ја поткопа топката која влезе во средината на голот, додека Маер се фрли на страна.

https://twitter.com/i/status/1141611627445399552

„Нема среќа во тој удар. Јас цели две години го вежбав и тренирав така да шутирам, пред да решам да го покажам во финалето на ЕП. Кога ќе решите да шутирате така, не смеете воопшто да се двоумите. Треба да почекате голманот да почне да паѓа, не е важно на која страна“, открива Паненка кој сега има 72 години, а неговиот стил на шутирање на пенал се смета за најатрактивен и најпопуларен во светскиот фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести