Пред три години беше на 623-тото место на ВТА, сега е во финале на Ролан Гарос

Ешли Барти и Маркета Вондрушова ќе играат во финалето на женскиот дел од турнирот на Ролан Гарос. Барти е вистинска хероина на денот. Тоа е тенисерката која точно пред три години беше рангирана на 623-тото место на ВТА-листата, а денеска се радува на место во финале на Гренд слем турнир.

Австралијанката успеа психички да се врати во дуелот против младата 17-годишна Аманда Аманисимова од САД. Барти во првиот сет водеше со 5:0 во гемови, имаше две сет топки и се очекуваше лесно да го добие, но тогаш се случи пресврт. Тинејџерката успеа да ги добие следните шест гема, а потоа во тајбрејкот да биде подобра со 7:4.

И по една ваква шокантна ситуација, Барти успеа да се врати. Вториот сет го доби со 6:3, а со ист резултат беше подобра и во решавачкиот трет сет.

Во второто полуфинале, Вондрушова ја победи Јохана Конта со 7:5, 7:6, па тенисерката од Чешка се радуваше на влез во финалето.

- Оглас -

Најнови вести