Пред три години на скопската Арена играа Реал и Манчестер, а денеска Вардар и Борец

Пред точно три години, на 8 август 2017 година, имавме чест во Скопје да ги нагостиме Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, според некои податоци двата најголеми фудбалски клубови на светот, тие се бореа за пехарот во европскиот Суперкуп. Победи Реал Мадрид со 2-1, Касемиро и Иско погодија за Кралскиот клуб, а Лукаку го ублажи поразот на Црвените ѓаволи. Уживавме во тој ден, бевме горди што Скопје беше во центарот на вниманието на фудбалскиот свет.

Денеска повторно е 8 август, 2020 година, ама некои работи се драстично сменети од пред три лета.

Арената која пред три години беше „Филип Втори“, сега е „Тоше Проески“ и на неа нема да играат Реал и Јунајтед, туку Вардар и Борец во првото коло од новата сезона во Првата македонска лига. Пред три години, на трибините имаше над 30.000 луѓе од многу земји низ светот, денеска ќе нема ниту еден, поради пандемијата на коронавирусот.

Вардар во минатата сезона беше најдобар тим во лигата, Борец се бореше за опстанок, а сега откако црвено-црните останаа без главниот финансиер, останаа и без странци во тимот, многумина и од домашните си заминаа, велешани се фаворити на хартија.

 

- Оглас -

Најнови вести