Предизвик за обложувачите – Да се погодат сите три финалиња на 7 јули

Кој вели дека нема фудбалски возбудувања во текот на летото? Иако клупските шампионати завршија пред повеќе од еден месец, репрезентативниот фудбал е тука да нè забавува, но и да ни донесе по некоја паричка преку обложување. Досега сведочевме на спектакли на Копа Америка, Голд купот, Африканскиот куп на нации, Светското првенство за жени, како и Европското првенство за млади кое заврши пред неколку дена, а Шпанците се покажаа како најдобри во возраста до 21 година.

Сега обложувачите на Sport Life имаат нов предизвик – точно да ги типуваат трите финалиња кои во недела на 7 јули,  ќе се одиграат во период од 11 часа. Интересно е што во две од трите финалиња ќе учествува репрезентација на САД, во машка и женска конкуренција, додека две од трите финалиња ќе се играат на американски континент (Копа Америка во Бразил – Јужна Америка, Голд куп во САД – Централна и Северна Америка).

Во недела финалната треска стартува во 17 часот. Женските селекции на САД и Холандија ќе ги одмерат силите во финалето од Мундијалот за жени, дуел кој ќе се одигра на „Стад де Лион“ во Лион. Американките се бранителки на светската титула, а предизвикувачи им се Лалињата, кои првпат се наоѓаат во ваква ситуација, но со епитет на европски шампионки ќе се обидат да ги спојат двете титули.

САД се фаворити и нивниот „кец“ носи коефициент од 1.50, додека за евентуален триумф на Холандија квотата е 6.20.

Она што најмногу се чека е финалето на Копа Америка, каде што на култната „Маракана“ во Рио во 22 часот ќе се сретнат домаќинот Бразил и Перу. Овие две селекции веќе се пресметаа во рамките на овогодишното издание на Копа Америка, во дуелот од групната фаза Кариоките славеа со високи 5-0.

Токму затоа избраниците на Тите се апсолутни фаворити за да бидат новите јужноамерикански прваци, па коефициентот за „кец“ гласи 1.35, додека, пак, оние типувачи кои се надеваат на чудо, може да се обложат на победа на Перу, која носи квота точно 10.

Финалето од Голд купот се игра ноќта меѓу недела и понеделник, а во 3 часот по полноќ САД ќе ја брани титулата против Мексико. Тие се најголемите ривали од Централа и Северна Америка, а Американците имаат предност бидејќи ќе играат пред своја публика во Чикаго. Сепак, според коефициентите, Мексико има поголеми шанси да го освои посакуваниот пехар бидејќи „кецот“ носи коефициент од 2.10, додека за триумф на Американците квотата е 3.45.

Па, верни обложувачи на Sport life, пенкалото и ливчето во рака да направите добитна комбинација од овие финални натпревари. Секако, по овие натпреварувања останува да се доигра континенталниот шампионат во Африка.

- Оглас -

Најнови вести