Предизвика молк на „Бернабеу“, па сега е баран во Премиер лигата

Емануел Денис е фудбалерот кој најверојатно немаше да се прослави доколку не предизвикаше молк на „Сантијаго Бернабеу“. Клуб Бриж речиси пред еден месец му гостуваше на Реал Мадрид во рамките од второто коло во ЛШ. Дуелот заврши со реми од 2-2, а гостите до 85-тата минута имаа резултатска предност.

Свое шоу имаше токму Денис, 21-годишниот нигериски голгетер кој за 30 минути на двапати успеа да го насамари Куртоа. Бриж имаше 2-0 во првото полувреме благодарение на него, па таа одлична партија ги алармираше поквалитетните европски клубови.

Најзагреани за услугите на Денис се Лисиците од Лестер. Брендан Роџерс има желба да го види Денис во нападот на неговата екипа заедно со Џејми Варди и на тој начин би додал квалитетна опција со која би можел полесно да ја оствари целта за оваа сезона. Лестер наводно подготвува 20 милиони фунти (23 милиони евра) како понуда за Бриж за да му дозволи на Нигериецот да се пресели на Островот.

Денис сезонава на своето конто има шест погодоци на 16 меча во сите натпреварувања, а вечерва неговата екипа гостува во Париз, каде што против ПСЖ ќе се обидат да издвојат нов изненадувачки резултат.

- Оглас -

Најнови вести