Предизвикот на Роналдо го прифати фудбалерот заразен со Коронавирусот и го победи! (видео)

Кристијано Роналдо, мегаѕвездата на Јувентус, ги предизвика спортистите ширум светот да му се приклучат во предизвикот да направат што е можно повеќе стомачни за време од 45 секунди. Португалецот успеа да направи 142 стомачни во даденото време, но веќе се најде фудбалер кој го надмина неговиот рекорд, а за да биде уште поинтересно, фудбалерот е заразен со Коронавирусот.

Тоа е Блез Матуиди, еден од играчите на Јувентус кој води битка со опасниот вирус. Сепак, здравствената состојба на Французинот очигледно е добра и мора да помине уште десетина дена во карантин за целосно да се излечи, а во меѓувреме има сила и да вежба. Матуиди за 45 секунди успеа да направи две стомачни повеќе од Роналдо, односно 144.

- Оглас -

Најнови вести