Прекарот им е Волци, а на теренот им се шеташе лисица (Видео)

На тренинг на фудбалскиот клуб Вијана од Кастело во Португалија се појави лисица, вистинска лисица. Натрапникот го снимаа присутните, а лисицата приреди шоу, си играше со топките, а на крајот гризна една и го напушти теренот.

Локалните жители велат дека во близина на стадионот имало кокошарници, па веројатно лисицата ги намириса кокошките и по „тренингот“ замина да јаде.

Инаку, клубот Вијана, кој постои 44 години, има прекар Морски волци. По овој инцидент можеби ќе се премислат и ќе направат нов амблем, на кој ќе има лисица или барем клупската маскота ќе им биде лисица.

- Оглас -

Најнови вести